Мицкоски воопшто не бара дебата, рече премиерот Димитар Ковачевски во „Само интервју“ прашан за барањето за ТВ-дуел од страна на Христијан Мицкоски.

-Ќе ви кажам зошто. Прво, еве за најновата тема која што е отворена кај нас а тоа е договорот за изградбата на коридор 10Д и 8, договорот со конзорциумот „Бехте и Енка“ бараат дебата во Собранието, го испративме договорот во Собранието, две недели не сакаат да закажат комисија. Потоа бараа дебата за уставните измени, не прифатија да бидат дел од комисијата за уставни измени каде што се води дебатата. Потоа имаме тимови за преговори со ЕУ, каде што од прв ден ги поканивме опозицијата, не учествуваат каде што исто така е место за дебата. Потоа имавме почеток на преговори со ЕУ каде што во преговорите исто така одбија каде што исто така можеа да ги кажат своите ставови, кажа премиерот.

Тој додаде дека единствено нешто кое што го интересира лидерот на ВМРО – ДПМНЕ е блокирање на сите процеси во државата.

-Во моментов ние имаме во собранието блокирани половина милијарда евра пари за граѓаните. Финансиски средства од ЕИБ, финансиски средства од ЕБОР со исклучително поволни камати. Закони за солидарност. Еве јас јавно кажувам, нека ги откочи тие закони во собранието. Има време за ТВ Дуел, кога ќе дојде време за тоа ќе имаме избори. Имаме институции во кои треба да се води дебата. Ние не можеме институционалната расправа и дебта постојано да ги заменуваме со лидерски средби и со дебати по ТВ. Автопатишта, поволни кредити, институционални реформи не се прават на лидерски средби и не се прават на ТВ Дебати. Тие се прават во Владата, во соодветни министерства. Затоа ги повикувам уште еднаш претставниците на опозицијата, доколку им дозволи Димитар Апасиев, бидејќи тој ја води дискусијата во опозицијата, да се приклучат кон процесите кои значат унапредување на државата и интеграција во ЕУ, рече премиерот.