Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска ја посети компанијата „Киел Македонија“, во ТИРЗ зоната во Тетово. Во рамки на посетата, Ковачевски се сретна и разговараше со повеќе млади луѓе кои работат во компанијата. Во разговорот претседателот Ковачевски ја истакна предноста на мерката „Младински додаток“, мерка која ја воведе Владата предводена од СДСМ, со која се обезбедува дополнителен приход за младите до 23 години вработени во производство.

„Во Киел работат и повеќе млади луѓе со кои денес имавме прилика да поразговараме и да ги запознаеме и кои што ја користат мерката младински додаток со која на младите лица до 23 години кои се во производствена дејност им се исплаќа надоместок од државата од 3000 денари месечно. Оваа мерка која од 2020 година до 2023 година ја искористиле 13.000 млади лица, што значи дека тие имаат 50 евра плус во нивниот месечен буџет со оглед на тоа дека работат во производство“ истакна Ковачевски во изјавата за медиуми по посетата на компанијата.

Оваа мерка на Владата предводена од СДСМ, како што истакна Ковачевски, е само дел од мерките и политиките со кои се обезбедуваат поволни услови за развој и на младите, и на работниците и на бизнисот. Тој истакна дека правилните политики на СДСМ обезбедија услови за енормен раст на странските инвестиции: „За пример, само минатата година странските директни инвестиции беа на ниво од 754 милиони евра. Тоа е речиси двојно повеќе странски директни инвестиции од 2016 година, кога изнесуваа 338 милиони евра.

Ковачевски воедно ја потенцираше владината поддршка за компаниите која ја воведе Владата предводена од СДСМ со која изминатите 6 години 919 домашни компании добија поддршка во вредност од 100 милиони евра со кои тие реализираа 500 милиони евра инвестиции. Претседателот Ковачевски ја ситакна и разликата во поддршката која компаниите ја имаа до 2017 година, која всушност беше нула денари, а македонскиот работник беше евтина работна сила.