„Опозицијата беше повикана да учествува во рабоните групи со Бугарија, но тие тоа го одбија. Опозицијата кај нас не учествувала во ниту една стратешка одлука во минатото“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „Утрински брифинг“.

Тој додаде дека тие беа и против Договорот од Преспа, кој на земјата ѝ го отвори членството во НАТО.

Во врска со разговорите со Бугарија, премиерот Ковачевски кажа дека нашите тимови ги водат разговорите во рамките на Резолуцијата изгласана во Собранието, според која македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се и нема да бидат предмет на разговор.

„Работните групи со Бугарија се активни, а министерствата за надворешни работи исто така работат на отворените политички прашања. Штом ќе имаме документ прифатлив за двете страни, истиот ќе биде споделен со македонската јавност“ кажа Ковачевски.