„Моето ветување и мојата мисија беше и сè уште е никој да не биде оставен сам на себе. И ние не оставивме никого сам. Сè уште силно верувам дека тоа е вистинскиот пат и суштината на социјалдемократијата. Тоа е најсоодветниот одговор на кризата, заснован на вредностите на солидарност и правда“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевкси на Лидерскиот самит за Западен Балкан на Европските социјалисти и демократи во Виена.

Тој додаде дека во изминатите 10 месеци, откако стана премиер, земјава ги надмина предизвиците од глобалната економска и енергетска криза и се задржа стабилноста на македонската економија.

„Кога започна војната не беше јасно дали ќе имаме доволно храна, електрична енергија, греење, нафта, дали ќе имаме доволно финансии. Тоа беше тешка ситуација за сите нас и уште е, но најтешко е за најранливите категории на граѓани. Токму затоа се фокусиравме на нив, на пензионерите со ниски пензии, на самохраните родители, студентите“ рече Ковачевски.

Тој додаде дека Владата започна одговорна политика и ги распредели ограничениот буџет за да се вратат партите кај граѓаните на кои им се најпотребни со два пакета антикризни мерки во висина од над 760 милиони евра.

„Со добра волја и добро управување успеавме да обезбедиме доволно храна, струја и греење, така што никој не беше оставен сам на себе. Животниот стандард е една од најважните работи за нас. Со ова успеавме да го заштитиме животниот стандард и достоинството на сите граѓани“ рече Ковачевски.