Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва од Прилеп за време на трибината со граѓаните „Силно и одлучно кон иднината“ упати и порака до опозицијата во која потенцираше дека нивната деструктивна политика ќе биде поразена и граѓаните ќе бидат казнети нивните назадни политики на изборите во 2024 година.

„Токму на тие избори, ќе се судрат два концепти, едниот предводен од мене, којшто е проевропски концепт, кој значи членство во ЕУ со заштитен македонски идентитет, горди граѓани со сигурна иднина и побогати. Вториот е предводен од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кој значи враќање назад во неизвесност и во изолација.

Јас сум решен и одлучен и ви велам дека ќе успееме. Ќе успееме заедно и во 2024 година проевропската коалиција предводена од СДСМ ќе биде победничка коалиција за Европска Македонија.

Ми треба вашата поддршка, за да водам напред, за заедно да бидеме со граѓаните да работиме за граѓаните. Да продолжиме силно и одлучно!“ порача Ковачевски на трибината на СДСМ во Прилеп.