„Во однос на буџетот и на мерките, ние се наоѓаме во финансиско- енергетска криза, и наша струја да имаме секако е поскапо оти сировините за производство се поскапени неколкукратно. Транспортот е поскапен исто. Сето тоа ја зголемува цената на прозиводството на електрична енергија. Електричната енергија и затоплувањето на Скопје ни беа двете теми на кои се фокусираме периодов. Се ќе направам граѓаните да имаат топли радијатори и кажав дека како Влада ќе направиме и преземање на БЕГ се со цел државата да обезбеди топлинска енергија. Имаме стари луѓе, имзаме деца, имаме болни и не може да ги оставите без грреење. ВМРО ДПМНЕ неосновано критикува, а не спомнува дека БЕГ е направен во 2012 година на начин каков што е, но тоа е работа на Јавното обвинителство да открие како сето тоа е направено.“ – изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто на телвизија Канал 5.

„Ние имаме кризна состојба со топлинската енергија. Имавме седница на Влада, за преземање на Скопје Север и на БЕГ, за тоа државата има финансии, имаме 130 милиони евра, од кои дел ќе се наменат и на ова. Ние не го прелеавме зголемувањето на електричната енергија и трошоците за парно кај граѓаните, поголем дел од товарот е кај нас. Имате држави, европски, кои од буџетот субвенционираат. Ние правиме се товарот да не оди кај граѓаните во големи износи.“- дополни премиерот Ковачевски.