Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во интервју во дневникот на Сител Телевизија изјави дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието блокираат 130 закони кои се во интерес на граѓаните во време на криза, потенцирајќи ја одговорноста на сите политички партии.

– На средбата денеска во Собранието, исто така разговаравме и за сите оние закони а тоа се повеќе од 130 закони кои се наоаѓаат во Собранието а кои што не се изгласани заради блокадата која ја прави опозицијата. Тука најмногу стана збор и за владеењето на правото и борбата против корупцијата и сите закони поименично ги набројат кои треба да се одобрат од Собранието со оглед на тоа што тоа е еден од врвните критериуми во делот на пристапот на државата во ЕУ, порача Ковачевски.

Претседателот Ковачевски истакна дека парламентарното мнозинство е стабилно, додаде дека сите најави на Мицкоски за ново мнозинство пропаднаа и потенцираше дека предвремени избори нема да има.