Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ зборуваше за мерките, политиките и инвестициите на Владата предводена од СДСМ во Паланечкиот регион и во целиот североисточниот дел на државата.

„Овој дел од нашата македонска татковина беше 11 години целосно запоставен од ВМРО-ДПМНЕ. Но, сега тука е СДСМ и работите се сменија, интензивно се гради низ целиот овој регион. Од најзапоставен, денес е регион кој е најактивен, доживува градежна, културна, економска и социјална експанзија. Се гради експресниот пат Крива Паланка-Ранковце, дел од Коридорот 8, во вредност од 60 милиони евра. Но, има и многу други проекти кои ги реализирме со поддршка на владата. Како магистралниот пат Куманово Страцин, вреден 12 милиони евра, реконструкцијата на стариот пат од Крива Паланка до Ранковце, третата лента од Крива Палнака до Деве Баир, проект вреден над 10 милиони евра. Обновена е градинката, Центарот за култура“ рече Ковачевски.

Крива Паланка заедно со соседните општини Ранковце и Старо Нагоричане го добива најголемиот капацитет за производство на електрична енергија од обновливи извори ветерниот парк „Вирови“ инвестиција вредна над 500 милиони евра.

„Овој капацитет со струја ќе снабдува 290.000 домаќинства и ќе има сериозен удел во градењето на енергетската независност која е многу важна особено во ваква глобална енергетска криза. “ рече Ковачевски.

Затоа што денеска како и често пати низ историјата, ние ја имаме одговорноста да функционираме во тешки времиња, во период на глобални кризи. Овој пат во време на најголемата енергетска и економска криза по втората светка војна, додаде претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на трибината Силно и одлучно во Крива Паланка.