– Традиционалното пријателство со Турција е секогаш мотивација за срдечни средби со претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

– Ја осудуваме руската агресија и имаме заедничка силна поддршка за Украина која храбро ја брани својата земја.

Се согласивме да продолжиме да вложуваме заеднички во поинтензивна соработка за да отвориме повеќе врати за турските инвеститори и за посилни трговски врски меѓу двете земји, порача Ковачевски.