Во обраќањето на денешниот Форум по повод 100 дена работа на новата Влада, премиерот Ковачевски рече дека владата којашто ја предводи во изминатите денови се соочила со огромни предизвици, воена и енергетска криза, но, сепак успеала да се носи соодветно, да носи тешки и пред се држанички одлуки за заштита на стандардот на граѓаните.

„Деновиве читав коментари дека ова Влада немала среќа бидејќи од прв ден се соочила со огромни предизвици, воена и економска криза како што не се памети. Точно е дека предизвиците, притисокот и очекувањата се големи, но среќа е што токму оваа Влада ја има одговорноста да се носи со сите овие предизвици. Среќа е затоа што одговорно тврдам, дека за 100 дена донесовме тешки, принципиелни и пред се државнички одлуки со кои ги штитиме граѓаните, нивниот стандард и нивните приходи.“ рече Ковачевски.

Премиерот зборуваше за 26-те антикризни мерки и фокусот на владата за финанасиска поддршка на граѓаните, семејствата и компаниите.

„Со 26те антикризни мерки , го спречивме ударот од големиот ценовен шок во услови на историски највисоки цени на храна и енергенси. Со намалување на ДДВ-то и акцизите имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати во регионот. Со намалување на данокот на додадена вредност од пет проценти на нула проценти, и со ограничувањето на малопродажните и големопродажните маржи на основните прехранбени производи, успеавме да спречиме огромен раст на цените и да го заштитиме стандардот на граѓаните. Го ублаживме големото поскапување на храната и енергенсите. Со антикризните мерки кои ги воведовме, граѓаните месечно заштедуваат по 300 денари за нафта, по 1.500 денари за храна и по 2.150 денари за сметката за струја. Ефектите од овие мерки значат заштеда од скоро 4000 денари месечно.“ рече премиерот Ковачаевски во обраќањето на Форумот за 100 дена од мандатот на новата Влада којшто денеска се одржува во Скопје.