Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски го спореди постојаното барање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за организирање на предвремени избори со однесувањето на неговиот внук, Никола.

-Имам јас еден внук Никола и цело време му викам „земи работи, фати книга за да напредуваш, тој ми вика купи ми Плејстејшн“. Што и да му кажеш, тој цело време Плејстејшн, Плејстејшн. Ова ме потсетува на однесувањето на лидерот на опозицијата, кој што наместо да се фати работи, сака да му се земе Плејстејшн. Сметам дека и тие треба да се посветат на работа во општините, наместо единствено да повторуваат предвремени избори. Предвремени нема да има, туку редовни, за кои кажав каков ќе биде резултатот, кажа Ковачевски како одговор на новинарско прашање во Влада.

Тој повтори дека опозициската партија мора да се посвети на локалниот развој бидејќи имаат градоначалници во 50 општини во земјава, со кои раководат.