Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски синоќа од Куманово порача дека Мицкоски веќе доживеал пораз на првото изборно соочување и дека така ќе биде и на редовните парламентарни избори во 2024 година.

„На првото изборно соочување Мицковски доживеа пораз од мене, така ќе биде и на изборите во 2024 година. Немаш храброст Мицкоски, уплашен си и тоа граѓаните го препознаваат. На првото изборно соочување доживеа пораз од мене, така ќе биде и на изборите во 2024 година, истакна Ковачевски.

Ковачевски порача дека е политичар кој зборува и работи за економска визија и европска иднина.

„Заедно со вас ќе обезбедиме просперитетна иднина и европска перспектива, сите граѓани заслужуваат висок стандард и квалитетен живот и ние тоа ќе им го овозможиме.“ посочи Ковачевски.