Оваа криза покажа колку е важно домашното производство на храна, но покажа и колку е важна енергетската независност, затоа спроведуваме енергетска транзиција, со нашето македонско сонце да ја создадеме Македонија како иден зелен центар на Европа, посочи претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски синоќа во Кочани на трибината „Силно и одлучно кон иднината“.

– За само 10 месеци, само во овој краток период од мојот мандат, имаме веќе пуштено во употреба 27 мегавати фотоволтаичи централи. Енергетската трансформација започна со електраната Осломеј, инвестиција во фотонапонската електрана од 10 мегавати а на оваа локација веќе се градат и фотонапонски централи со капацитет од 100 мегавати. Неодамна почна со работа најголемата фотоволтаична централа во државата од 17 МW, која е словенечка инвестиција во Свети Николско, Амзибегово, истакна Ковачевски.

-На македонскиот исток се гради и во следниот период треба да биде биде пуштена во употреба 25 мегавати од ветерна централа во Свети Николско. Лидери сме во регионот во енергетска трансформација и можеме да станеме енергетски зелен центар на Европа. Тоа е мојата енергетска визија, да бидеме европски шампиони за производство на енергија од нашето македонско сонце, заклучи Ковачевски синоќа во Кочани.