Корупцијата мора да биде јасно детектирана и да постојат лекови со кои таа ќе се намалува, порача кандидатот за претседател на СДСМ Димитар Ковачевски во гостувањето на ТВ24. Тој кажа дека во Владата веќе се работи на изготвување на Стратегија за борба против корупцијата, заедно со меѓународните партнери, која за неколку дена ќе биде презентирана.

-Јас лично како човек сум се залагал за нулта толеранција кон корупцијата, бидејќи сум работел во меѓународни компании каде тоа воопшто не се толерира. Кога процесите се дигитализираат се наалува и корупцијата. Таму кадешто се намалува личниот контакт таму се намалува и корупцијата, рече Ковачевски.

Според него, мора да постои и одговорност, како согласно законот и така и согласно перформансите. 

-Ако некој не успеал во роковите да заврши одредена задача, а да нема објективна причина зошто тогаш ќе треба да отстапи и да го препушти местото на некој што ќе умее тоа да го сработи, заклучи Ковачевски.