На денешниот Форум за 100 дена од мандатот на Владата, премиерот Ковачевски рече дека ефикасно, чесно и одговорно владеење и работа се клучни карактеристики на Владата.

„Карактеристика на оваа Влада е ефикасно, чесно и одговорно владеење и работа, а тоа се гледа и во стабилниот Буџет. И во услови на пандемија, а сега и во услови на најголемата енергетска криза нема застој во исплата на плати, пензии, приватниот сектор и најпогодените гранки се финансиски поддржани, а паралелно креиравме крупни долгорочни Планови од кои бенефит ќе имаат сегашните и идните генерации.“ рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски потенцираше дека Владата направила два историски чекори.

„Низ економско-социјален дијалог ја покачивме и минималната плата на 18.000 денари и овозможивме рекордно покачување на пензиите, вклучувајќи и дополнителна финансиска поддршка за пензионерите. Со сите преземени активности, во 2022 година, на годишно ниво, заедно со директната финансиска помош, во просек пензионерите ќе имаат околу 12.000 денари плус во домашниот буџет.„ рече премиерот Ковачаевски во обраќањето на Форумот за 100 дена од мандатот на новата Влада којшто се одржува денеска во Скопје.