„Не постои никаква опасност за асимилација и бугаризација. Историската комисија нема влијание од политичарите, што може да го потврдат и самите членови. Таа одлучува со консензус, што значи дека седум наши и сеудм бугарски историчари треба да се согласат и да одлучат врз база на факти и наука“ рече премиерот Димитар Ковачевски во вестите на Канал 5.

Тој додаде дека македонскиот народ никогаш не бил асимилиран и сите кои живееме тука знаеме кои сме и кои ни се корените.

„ЕУ почива на добрососедски односи. Држави кои меѓу себе војувале и не можеле жртвите да си ги добројат, се обединија и ги надминаа разликите за да изградат заедница која е едиснтвена во светот, заедно со САД, каде има економски просперитет, демократија и слобода на критично размислување и социјална правада“ истакна Ковачевски.

Премиерот додаде дека со текот на времето се повеќе граѓани, кои веруваат во европската идеја и сакаат просперитетна и напредна држава ќе се приклучат на процесот за влез во ЕУ.