„Владата постојано работи на поддршка на електро енергетските компании за спречување на ценовниот шок, тоа е број еден. Потоа, веќе направивме пренасочување на изворите на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија која беше намената за потрошувачите на регулираниот пазар да биде пренаосечна кон големите потрошувачи што значи дека тие добиваат електрична енергија која е под берзанската цена која би ја купувале на пазарот. Истовремено продолжува поддршката на компаниите во однос на поддршката за плати која што мерка важеше меѓутоа тоа што продолжува да важи и за кое се издвоени значителни средства од буџетот, а продолжува и поддршката на инвестиции во компаниите во однос на инвестициите кои тие ги имаат што исто така е значителна сума во буџетот.“- изјави премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за Сител.

„Веќе разговараме со ЕИБ за софт кредити кои ќе треба да ја помогнат енергетската транзиција на компаниите во државата и се работи на измена на законската регулатива особено во делот на изградба на постројки за производство на електрична енергија од обновливи извори, тука пред се мислам на фотоволтаиците и ветерната енергија за да се упростат постапките. Да се овозможи законско решение со кое и домаќинствата ќе можат да инсталираат на брз и ефикасен начин на своите кровови фотоволтаични панели кои потоа на едноставен начин таа електрична енергија ќе биде преземена и разменета со диструбутерите и со продавачите на електрична енергија, при што исто така се прави интервенција во закон да може, бидејќи граѓаните не се даночни обврзници, да се воведе категоријата на даночен застапаник и фактурата да биде издавана од оној којшто ја купува енергијата, што е пример во сите развиено западно-европски држави и кои што примери сакаме да ги воведеме и во нашата држава бидејќи на крајот на денот ние сме земја на сонцето и исплатливоста на овие системи во РСМ е многу поголема.“- дополни Ковачевски