„Сведоци сме на немили настани кои сметавме дека се далеку зад нас, и кои верувавме дека никогаш нема да се повторат на нашето европско тло. Воената агресија на Русија против Украина која веќе однесе многу човечки животи е чин кој силно го осудуваме. Тоа е кршење на меѓународното право и е закана за евроатланската безбедност. Уште еднаш сакам да посочам дека заедно со сојузниците бараме итен прекин на воените дејствија. 21-иот век треба да е век на дијалог, не на војни.Во овие турбулентни времиња, сакам да ве уверам дека безбедносната состојба во земјата е стабилна и дека во овој момент не постои никаква директна закана за безбедноста на Северна Македонија. Владата внимателно ќе ја следи состојбата во Украина и редовно и ќе ги информира граѓаните.“- рече премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето до граѓаните.

„Воедно, граѓаните треба да се спокојни, бидејќи како членка на НАТО, ние ја уживаме, и можеме да сметаме на заштитата која ја нуди најмоќниот одбранбен сојуз во светот. Иако нашата желба е да се избегнат ситуации како оваа, сепак, во вакви услови на голема безбедносна дестабилизација, сфаќаме колку е значајно, да сме дел од најмоќниот воено-политички сојуз. Затоа, ве уверувам, нашата земја е безбедна“- увери Ковачевски.