ЕУ треба да ја исправи својата грешка и да започнеме преговори вели во интервју за Алџазира, премиерот Димитар Ковачевски.

“Во однос на јунскиот самит јас ќе повторам дека не треба да се врзуваме со датуми бидејќи после јунскиот самит доаѓаат нови самити на ЕУ меѓутоа наша цел секогаш ќе биде интеграција. Ние имавме цел да станеме земја членка на НАТО и успеавме благодарание на тешки одлуки кои ги донесовме. Тие тешки одлуки се однесуваа и на членство во ЕУ, со тоа што ЕУ не го одржа своето ветување за отпочнување преговори со ЕУ за Република Северна Македонија. Сметам дека дури на следниот самит треба да ја исправат таа грешка што беше досега направена.” вели премиерот Ковачевски.