Ковачевски: Да се биде НАТО значи да се дели масата за одлучување со најразвиените земји во светот
Vestiplus.mk
+Во тренд...МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Да се биде НАТО значи да се дели масата за одлучување со најразвиените земји во светот

„Да се биде НАТО, значи да се дели масата за одлучување со најразвиените земји во светот, да се носат одлуките за светската безбедност заедно со најмоќните. Да се чува нашиот и светскиот мир како дел од воено супериорна, политички силна и релевантна и економски доминантна организација. Мир и развој за безмалку една милијарда луѓе, кои живеат во заеднички демократски вредности“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на на свеченоста по повод годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО и Денот на НАТО.

Тој додаде дека да се биде НАТО значи дека сме еднакви во обединето силно семејство во кое сите заедно се справуваме со предизвиците и заедно ја јакнеме својата одбрана, било да е воена или дигитална.

„Поразлична перспектива на тоа колку е важна безбедноста и стабилноста ни даде бруталната неиспровоцирана воена инвазија која Русија ја врши врз Украина. Војна за каква мислевме дека европското тло нема повеќе да види. Наместо тоа, човечкото патење и ужасниот регрес на деструктивноста се повторува и дополнително се трансформира во хибридна војна која користи сајбер и информациски оружја“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека во оваа разорна војна, нашето место како и секогаш е исто, а тоа е да се биде на вистинската страна на историјата.

„Уште на почетокот, минатата година го осудивме овој конфликт, ја поддржавме и ја поддржуваме Украина, за која во континуитет обезбедуваме помош. Целта на поддршката не е да се продолжат воените дејствија, туку независна Украина да ја одбрани својата независност и територијален суверенитет и своите храбри луѓе“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира...

Костадиновска-Стојчевска: Ќе имаме системско решение што трајно ќе го реши проблемот со платите во јавната администрација

Vesti +

Вучиќ даде наредба: Српската војска урна дрон

Vesti +

Никој ли не и се погоди? Арсовска менува в.д. директори како чорапи

Vesti +

МЗ:73% од новите случаи и 75% од хоспитализираните, со Ковид 19 се невакцинирани

Vesti +

СДСМ распали по лидерот на ВМРО ДПМНЕ: Мицкоски уште еднаш покажа дека е само обичен заложник на Димитар Апасиев и Левица, класичен антиевропски политичар

Vesti +

Ова е список на 9те намирници кои многумина од нас ги јадат, а се многу опасни по нашето здравје

Vesti +