„Ние водиме одговорна фискална и монетарна политика со цел да се задржат фундаментите на македонската економија. Тоа го направивме и во време на ковид-кризата кога со шест пакети на антикризни мерки ја помогнавме и економијата и најранливите граѓани што е потврдено од меѓународните финансиските институции“ рече премиерот Димитар Ковачевски во изјава за МИА по самитот на НАТО.

Тој додаде дека уште во 2021 година е намалено ДДВ-то за граѓаните за електрична енергија, а во буџетот за 2022 година се определени средства за да се одржува ликвидноста на енергетскиот сектор.

„Притоа, 80 отсто од сметките за електрична енергија на граѓаните се субвенционираат преку буџетот и истото се однесува за сметките за парно греење во Скопје“ рече Ковачевски.

Премиерот исто така потенцираше дека се покачени пензиите и дека е сменета методологијата, а исто така покачена е и минималната плата.

„Да не заборавиме само пред пет години минималната плата беше 9000 денари, сега е 18.000. Пред 5 години беа потребни 4,25 минимални плати да се покрие една потрошувачка кошничка, сега се потребни две минимални плати. Тоа го направиме низ социјален дијалог со синдикатите“ рече Ковачевски.