„До вчера беше рокот за пријавување за сите оние кои сакаат да почнат да ја користат повластената цена на електрична енергија од ЕСМ од 1 декември. Субјектите кои не успеале да поднесат комплетни документи, во следниот период ќе можат да го сторат тоа и ќе бидат ставени на субвенционирано снабдување од 1 јануари“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.

Тој додаде дека Владата останува посветена на поддршката на граѓаните и комапниите и повтори дека никој нема да биде оставен сам.

„Од 474 јавни основни и средни училишта во државата, за субвенционирано снабдување се пријавиле 233, од сите градови. Од 70 јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни или пречистителни станици се пријавиле 50 субјекти. Од категоријата на физички и правни лица регистрирани во прехранбениот сектор, се пријавиле 235 субјекти“ рече Ковачевски.