Костовски: ВМРО-ДПМНЕ става кочница на коридорите, да не мислат го поседуваат времето на народот?
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костовски: ВМРО-ДПМНЕ става кочница на коридорите, да не мислат го поседуваат времето на народот?

Секогаш кога има проекти од стратешки интерес постои деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски во гостувањето во ТВ24. Тој како пример ја посочи изградбата на коридорите.

-Изградбата на овие коридори 30 години наназад сите партии ја имаа во своите партиски програми пред избори, но ниту една партија не смогна сили да се фрли во реализација. Овој проект многу ќе значи за граѓаните и стопанството и Македонија од кружен тек конечно да стане крстосница на Балканот, кажа Костовски.

Тој за петте закони што се во собраниска процедура кажа дека се должат на поквалитетно исполнување на стратешките проекти, а само заради некаква идеја на опозиционерите тие решиле да стават кочница.

-Токму затоа е европското знаменце, зашто државата мора да оди напред. Зарем мислите дека само вие го поседувате времето на овој народ?, праша Костовски.

Тој потсети дека Договорот е пратен во ОЈО, Антикорупциската комисија и е доставено писмо до Собранието за разгледување на Договорот, но од опозицијата нема интерес за негово разгледување.

Можеби ќе ве интересира...

Ердоган по средбата со Шолц: Турција без двоумење ќе направи напори за прекин на огнот во Украина

В+

Фатен крадец на дело во Битола, одземеното вратено на сопственикот

Vesti +

Велика Британија: Русија имаше неколку неуспеси од почетокот на инвазијата

Vesti +

Затворен воздушен простор над Украина

В+

Астролозите предвидуваат голема среќа и богатство: сè ќе им оди без проблеми во 2023 година, проверете дали сте меѓу овие 4 знаци

Vesti +

Царовска:Студентите од октомври ќе добиваат финансиска поддршка засубвенциониран оброк

Vesti +