-Додека цела Македонија жали а институциите целосно го расветлија случајот, ДПМНЕ и Левица сакаа да профитираат врз трагедија и човечките жртви, изјави денеска во одговор на новинарско прашање, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

„За жал ова не е прв пат. Очигледно ДПМНЕ и Левица имаат изопачени некрофилски разбирања за политиката, прaшањето е дали има грам човечност во ДПМНЕ и Левица? СДСМ нема воопшто да се меша во ваквото условно кажано користење на политички поени од таквото однесување на ДПМНЕ и Левица. Најмалку што може и што треба да направат ДПМНЕ и Левица е да излезат пред јавноста и да им се извинат на граѓаните и на припадниците на македонската полиција.“ – рече Костовски.