„Инфлацијата е во континуиран пад и така ќе остане. Проектирната инфлација за 2023 година е под 10 отсто. Кога ќе се погледне растот на платите и пензиите со падот на инфлацијата ќе видиме дека повеќе пари ќе останат кај граѓаните“ рече пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој додаде дека сега пензиите се усогласуваат два пати во годината и нивното зголемување веќе не зависи од волјата на политичарите, нема уценување за гласање.

Пратеникот Костовски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ блокираше и опструираше мерки за полесно справување и со ковид кризата и со енергетската криза и дека нивните црни најави не се исполнија.

„Мицкоски зборуваше дека ќе имаме дефицит на струја, дека ќе има рестрикции, дека ќе нема деривати, ќе нема храна. Еве крај на март сме. Имаше доволно струја, имаше парно во СКопје, имаше доволно храна. И уште еднаш Христијан Мицкоски во очи ги излажа граѓаните“ реќе Коостовски.