„Статусот на УНЕСКО е секогаш приоритет за било која држава. Колку и да звучи неопипливо, УНЕСКО е тоа што привлекува кон една држава и туристи и посетители“ рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на Клан ТВ.

Таа додаде дека се очекува во 2023 година заедничките извештај за заштитата на охридско-струшкиот регион, како и за регионот на Дебрца.

„Имав состаноци со градоначалниците на Охрид и Струга и еден од моите приоритети е да поддржам таму каде што претходните министри застанале, а тоа е заштита на овој регион“ рече Костадиновска-Стојчевска.