„Македонскиот јазик како официјален јазик на територијата на целата држава, а ние како земја сме потписнички на конвенцијата на УНЕСКО за заштита на материјално и нематеријално наследство. Македонскиот јазик, како таков, е дефиниран како духовно наследство и треба да ужива заштита од највисок вид“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска во емисијата „Објектив“ на МТВ.

Таа додаде дека со новиот закон се одговара на предизвиците што ги носи новото време, бидејќи сите сме сведоци што се случува со говорниот и пишаниот јазик.

„Носењето на законот е голем чекор со кој се дорегулираат правните норми за заштита и негување на стандардниот литератиурен јазик и што треба секоја институција да има за да придонесеме кон заштита на јазикот во својата форма“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура рече дека со законот ќе се предизвика промена во позитивна смисла за поголема свесност на говорителите, како и да се афирмира надвор од границите на нашата држава.