Костадиновска-Стојчевска: Секој обид за негација на еден јазик резултира со негова повеќекратна афирмација
Vestiplus.mk
+КултураТОП ВЕСТИ

Костадиновска-Стојчевска: Секој обид за негација на еден јазик резултира со негова повеќекратна афирмација

„Во 21 век кога јазиците се користат толку интензивно, од голем број граѓани и преку разни форми на вербална, пишана и дигитална комуникација, не може да стане збор за негирање јазик. Не само за македонскиот, туку за било кој друг јазик. Секој обид за негација на еден јазик резултира со негова повеќекратна афирмација“ изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска за „Рацин.мк“.

Таа додава дека Денот на македонскиот јазик стана препознаен од целото општество и претставува момент кога на пиедестал покажуваме дел од нашите тековни иницијативи кои ги подготвуваме и реализираме низ целата година.

„Оваа година во одбележување и славењето на денот неподелено учествуваа сите граѓани на земјата, Македонците, Албанците и сите останати етнички заедници, власта и опозицијата, младите и возрасните. Оваа година видовме како со впечатливо учество во славењето на македонскиот јазик и македонското кирилично писмо учествуваа и странците, дипломати во нашата земја и надвор од неа. Очигледно е дека македонскиот јазик поврзува, победува и поттикнува“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Како што кажа министерката ваквиот амбиент за сите нас е силен ветер во грб, особено во време кога македонскиот јазик ни станува еден од јазиците кои се употребуваат во ЕУ и во време кога во Грција се случи верификација на Центарот за учење македонски јазик.

Можеби ќе ве интересира...

Засекогаш несреќни во љубовта: Овие 3 хороскопски знаци остануваат без партнер, а не е виновен ретроградниот Меркур

Vesti +

Приведен крадец, фатен на дело во Скопје

В+

Цената на нафтата на светските берзи повторно скокна

Vesti +

Супер вест: Ново големо намалување на цените на горивата

Vesti +

Петров: Избори во 2024, сега приоритетите се енергетиката, борбата против криминалот и евроинтегративниот процес

Vesti +

Излета голф во Штип – едно лице итно пренесено во болница

В+