Костадиновска-Стојчевска: Секој граѓани треба да ги прочита, почувствува и доживее македонските великани
Vestiplus.mk
+КултураТОП ВЕСТИ

Костадиновска-Стојчевска: Секој граѓани треба да ги прочита, почувствува и доживее македонските великани

„Денес, кога секојдневно се среќаваме со различните дела македонските великани, сфаќаме постои можност во изминативе 30 години тие да не биле промовирани и доближувани до граѓаните доволно и достојно – јас велам дека може и треба уште повеќе – нивното огромно творештво треба секој граѓанин да го прочита, почувствува и доживее, повеќекратно, на свој начин“ изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во интервју за „Рацин.мк“.

Таа додава дека 2023 година е посветена на исклучителниот Ацо Шопов и дека достоинствено се одбележува со бројни проекти поддржани од Министерството за култура.

„Оваа годишнина е впишана и во календарот на УНЕСКО и заедно, пред извесно време, достојно се осврнавме на богатото творештво на Шопов. Оваа година се навршуваат 120 години од објавувањето на книгата ‘За македонските работи’ на Крсте Мисирков и 70 години од основањето на Институтот за македонски јазик кој го носи неговото име“ вели Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека во 2023 година се одбележуваат низа годишнини и јубилеи кои низ културните установи и центри низ државата достојно ќе се одбележуваат со поддршка на Министерството за култура.

„Уште многу убавини од македонското творештво ни претстојат. Сите заслужуваат почест и место во колективната меморија. Она што е доста важно е дека правиме напори во исто време да ги одбележуваме овие јубилеи и надвор од границите на државата. Како што го одбележавме 100-годишницата од раѓањето на Ацо Шопов во УНЕСКО во Париз, така и овој 5 Мај го одбележавме во КИЦ-от во Њујорк со пригодна програма од македонски уметници кои изведуваа македонска музика. И така продолжуваме и во иднина“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Можеби ќе ве интересира...

Ковачевски – Орлиќ: Клучна е улогата и одговорноста на пратениците за евроинтегративните процеси на двете земји

Vesti +

Тепачка во Скопје: Колешки се пресметале додека биле на работа

Vesti +

Приведен разбојник во Скопје, следува кривична пријава

Vesti +

Ковачевски: Имаме успеси и покрај деструктивните тенденции и дезинформации, нема враќање назад од патот кон ЕУ

Vesti +

Значително паѓаат цените на бензинот и дизелот – ова се новите цени

Vesti +

Алиу: промовирана дигитална платформа за обука и професионален развој на наставници од средните стручни училишта

В+