Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: Министерките за култура на Албанија и на Србија воодушевени од Охридскиот бисер

Во неофицијалниот дел на самитот „Отворен Балкан“, во чиј фокус се културата и туризмот, вчеравечер, гостите од регионот имаа можност да се запознаат со дел од културните знаменитости во старото јадро на Охрид. Ноќната прошетка започна од Самуиловата тврдина, преку Античкиот театар, Галеријата на икони и Куќата на Робевци.

Гостите беа запознаени и со една од најпрепознатливите техники за изработка на охридскиот бисер преку традицијата што ја негува охридското семејство Филеви.

На оваа прошетка министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити, и вицепремиерката и министерка за култура и информирање на Србија, Маја Гојковиќ, беа воодушевени од техниката на создавање на познатиот Охридски бисер.

– Драго ми е што моите колешки министерки се воодушевија од Охридскиот бисер, кој е симбол на Охрид. Сакавме пред почетокот на самитот, како добри домаќини, да го почувствуваат градот навечер преку запознавање на нашите културни споменици, особено архитектурата која има посебно место во македонското културно наследство, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

На денешната панел-сесија на тема „Отворен Балкан, отвора култура”, воведно обраќања ќе има вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, кој со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, со Елва Маргарити, министерка за култура на Албанија и со Маја Гојковиќ, вицепремиерка и министерка за култура и информирање на Србија, ќе дискутира за важноста на културата во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“.

Можеби ќе ве интересира...

318 новозаразени, двоцифрен број на починати – Короната и натаму одзема животи во Македонија

Vesti +

Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Елинската Република , Н.Е. Русос Кундурос

Vesti +

269 санкции за брзо возење

Vesti +

Од голтари до милионери, Стоилковски и Лефков да одговорат за „Плацеви на Водно“ и трите стана од 750 квадрати – обвинија од СДСМ

В+

Земјотрес од 3.9 степени го стресе Охрид, епицентарот близу Поградец

В+

Костадиновска-Стојчевска: Министерскиот состанок во Тирана е клучен за Западен Балкан, а културното наследство главна тема

Vesti +