„Владата на Заев не се занимаваше со политиканство, решаваше клучни прашања. Влезот во НАТО е вистински патриотизам, евроатлантскиот пат значи развој на земјата. Вистински патриотизам е кога растат платите, кога се намалува младинската невработеност“ кажа потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

Тој ја повика опозицијата на обединување за клучните процеси важни за земјата и евроинтегративните процеси, како и справувањето со енергетската, здравствената и економската криза.

„Верувам дека владата која ќе започне со работа наскоро, ќе ги насочи сите свои капацитети кон граѓанинот, кон маргинилизираните групи, кон намалување на јазот меѓу богатите и сиромашните и кон директна поддршка на најпогодените граѓани од кризите“ кажа Костадинов.

Тој додаде дека најдобро за државата во овој период е да имаме стабилна влада, што ќе креира политики во интерес на граѓаните во овие кризни состојби.