Градоначалникот на Валандово Перо Костадинов на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“, пред своите сограѓани и гости се осврна на сработеното во изминатите четири години, нагласувајќи дека приоритетите ги поставуваме заедно со граѓаните.

Општина Валандово ја раководиме сите заедно, а не треба да заборавиме каде бевме а каде сме сега, денес Валандово е приказна со затворени рудници, со систем за наводнување од 25 милиони евра, со визија која што мораме да пренесува на идните генерации дека овде има 300 сончеви денови годишно, ние сме Калифорнија во Европа, и треба да се развиваме преку земјоделие но пред се мораме да си помагаме, порача Костадинов.

Тој додаде дека Валандово денес е една од најтрансапрентните општини во државата, а пред 3,5 години бевме на дното.

Забрзано се движиме напред, не смееме да сееме страв поделби и предрасуди, да ги омаловажуваме граѓаните од турските места, сега во бојмискиот регион градиме исто како во Валандово, ние сме пример за едно општество за сите, нагласи Костадинов.

За нас зборуваат фактите, за 3 години, имаме направено колку за минатите 15 години, нема да застанеме се додека и на последната куќа и обезбедиме нормална инфраструктура, истакна Костадинов и најави почеток на изградба на канализационен систем во Раброво.

Тој нагласи дека во само еден мандат е направена целосна реконструкција на детската градинка Калинка во Валандово, изградена е нова градинка во Брајковци, се гради во Јосифово, ќе се гради и нова во Пирава, инвестициите во образованието ги сметаме за најбитни.

Нема да застанеме овде, сакаме заедно да бидеме горди што сме Валандовчани, порача градоначалникот на Валандово Перо Костадинов на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“.