Македонскиот граѓанин е паметен и препознава кој испорачува резултати, истакна потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов во гостувањето на ТВ24. Тој кажа дека е смешно кога ВМРО-ДПМНЕ го употребува терминот „режим“.

-Доста му е на Македонецот од гол популизам и празен патриотизам. Зарем е луд и заборава, зарем не знае како функционираа медиумите?

Костадинов нагласи дека лесно може да се спореди нивото на демократичност и почитувањето на граѓанските слободи и права. Тој исто така кажа дека со новата власт значително се намалени меѓуетничките тензии.