За Костадин Костадинов, кандидат за градоначалник на Струмица од редовите на СДСМ, Струмица е добро инфраструктурно развиена и сега е прашање на континуитет на добрите практики. Дотолку повеќе што сега е воспоставена симбиоза меѓу локалната и централната власт.
Она што е изборно ветување и сигурно ќе се реализира според зборовите на Косрадинов се новите булеварски решенија. Треба да рзамислуваме на развојната компонента, а тоа е со промена на ГУП-от и со носење на новите 16 ДУП-ови.

„Оваа развоја компонента предвидува проширување на градот што значи нови зони за градба на станбени објекти, а со тоа и нови булевари. Во тој потег Предвидуваме булеварско решение кај улицата Климент Охридски и нов зелен градски пазар. Сегашниот пазар т.н. „чешел“ ќе го дислоцираме, а на негово место ќе никне зелена површина наречен „боемски парк“, рече Косрадинов во интервју на МТВ.

За него многу е важна комуникацијата со бизнис секторот.
Во индустриската зона десет предвидено е да се направи посебна парцела за занаетчиите каде ќе имаат прилично олеснителни околности за работа. Останува и инфраструктурниот развој во останатите индустриски зони.

„Социјалната компонента ја гледам ногу широко и таа е врзана и низ соработка со НВО, која и досега постоеше. Социјалната инклузија е важен дел од мојата програма, затоа што Струмица е првата општина која имплементираше шелтер центар за жртви на семејно насилство. Општина Струмица е првата која имаше образовни асистенти со децата со попреченост. Така и ќе продолжиме. Децата од социјално ранливи семејства би ги ослободиле од надоместокот кој го плаќаат за детските градинки, како и бесплатни оброци.
Наш предизвик ќе биде и комплетна инфраструктура за лицата со попреченост, рече кандидатот за градоначаник на Струмица од редовите на СДСМ Косрадин Костадинов.