После подолго време поради пандемијата, Грција конечно ги отвори границите и го олесни патувањето за грашаните на Македонија.

Па така ако решите да патувате тоа може да го направите со ПЦР или брз тест, не постар од 72 часа или пак сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид19.

Деца на возраст под 12 години можат да влезат во Грција без тест.

Освен трошоците за тестови, туристите не би требало многу да се разликуваат од пред короната.

Десет ноќи во јули за 150 евра

За десетдневен престој, генерално треба да одвоите слична сума како и пред пандемијата, но за најбараните датуми во јули и август, сепак е потребно да заштедите до 700 евра за 10 ноќевања во двокреветна хотелска соба.

На почетокот и средината на јули, за 10 ноќевања во апартмани на Халкидики може да се најдат од 160 евра. На Тасос во екот на сезоната можете да поминете 10 дена во хотел за 290 евра, додека престојот во вила во Ставрос ќе ве чини околу 150 евра. Цената е слична во текот на август.

Во Ханиоти, 10 дена летен одмор во вила ќе ве чини нешто повеќе од 400 евра во јули. Во Лефкада, цените на сместувањата во средината на јули се движат од 35 евра по лице, а таквите цени ве очекуваат во јули и август во Скијатос и Полихроно.

Кафе од 2,5 до 3 евра, гиро од 3 до 7 евра

Што се однесува до трошоците без пансион, кафето може да се пие за 2,5 до 3 евра, во зависност од летното одморалиште, но и видот на објектот. Безалкохолни пијалоци чинат од 2 до 3 евра, а свежо цедените сокови се 4 евра.

Доколку се одлучите за пиво, просечната цена на стандардната марка е од 3 до 5 евра, додека точени-пива се од 6 до 7 евра. Може да добиете половина литар вино за 5 евра, а локалното узо чини 8 евра. Цените на класичните коктели се движат од 7 до 8 евра.

Што се однесува до омилениот специјалитет – гирос, кој во претходните години секогаш чинеше од 2 до 2,5 евра, просечните цени сега се од 3 евра за помала порцијас и до 7 евра за поголема, а цените на скара, ќебапи и хамбургери се слични Свинското ребра чини 7,5 евра, а целото пиле може да се добие за 8 евра.

Може да јадете пица за 8 до 12 евра, во зависност од дестинацијата. Нешто поегзотична морска храна се движи од 8 евра за пржена лигњи и школки до 12 евра за октопод на скара. Грчката салата чини 6,5 евра, а салатата Цезар околу 10 евра.

Лежалки и чадори само со пијалоци

Комплет лежалки и чадори во барови во Пефкохори чини 4 евра со задолжителна потрошувачка, а цената на кафето е околу 4 евра, така што ви се потребни 8 евра за уживање на плажа.

Надвор од Пефкохори има барови на плажа каде можете да набавите лежалка и чадор за сонце. Кафето чини 4 евра, пивото 5 евра, со неограничен престој.

Во Херманос има две лежалки и чадор за 10 евра, плус потрошувачка, но тоа е „фенси месо“.

Комплет лежалки и чадори во барови на Халкидики во последните неколку години чини претежно околу 5 евра.

Цена лебот на Халкидики е околу 40 евро центи ,килограм домати чини 2,1 евро, а лубеницата е 1,1 евро.

Маслиновото масло чини 5 евра, а 6-литарски галон со вода се движи до 1,7 евра .