Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив и да се држиме до препорачаната дневна доза.

Мандарините се богати со витамин Ц и Б витамини, калциум, магнезиум, цинк и калиум. Тие исто така ги стимулираат функциите на мозокот и придонесуваат за подобра меморија, а се препознаваат по пријатниот мирис и освежителниот вкус.

Препорачаната дневна доза од ова овошје е до седум парчиња. Конзумирањето повеќе од седум мандарини може да доведе до покачено ниво на шеќер во крвта, а премногу фруктоза може да доведе до вишок килограми.

Затоа уживајте во мандарините, но умерено.
[views_count]