Доколку Собранието денеска го донесе законот со кој ќе се намалат акцизите и ДДВ-то на горивата според актуелните цени кои вчера вечерта ги објави Регулаторната комисија за енергетика, дизелот ќе поевтини за 8 денари, бензинот БС95 за 7 денари за БС98 за 7,5 денари.

Сето ова ќе се случи доколку истите измени на Законот бидат објавени уште веднаш во Службен весник.

Со намалувањето на ДДВ-то од 18% на 10% и намалувањето на акцизата за 1 денар, според актуелните цени на суровата нафта на светските берзи, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ би била 89 денари за литар на БС95 86 денари за литар а на БС98 87,5 денари за еден литар гориво.