Прес-конференција, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ:

Во време на криза, наместо да помогнат одмагаат, ВМРО-ДПМНЕ кочи законски решенија кои обезбедуваат мерки за помош на граѓаните.

Преку нивниот претседател на Комисијата за финансирање и буџет, Бојан Стојаноски, ВМРО-ДПМНЕ упорно не закажува седница на која треба да се расправа за законските решенија кои овозможуваат исплаќање на финансиска помош за одредени ранливи категории како пензионери со ниски пензии, приматели на минимална помош и самохрани родители.

Овие категории граѓани, треба да добиваат парична помош во следните четири месеци.

Оваа помош е дел од последниот пакет мерки вреден над 360 милиони евра за поддршка на граѓаните и компаниите за справување со последиците од кризата.

За потсетување, потребата од усвојување на овој закон е утврдена уште на 17.10 оваа година и веќе трета недела седница на Комисијата не е закажана.

Како и многу пати досега, ВМРО-ДПМНЕ повторно свесно и намерно опструира законски решенија додека граѓаните чекаат помош од државата.

Ова е пример за класична негрижа и класично лицемерие, обвинуваат дека мерките се задоцнети а тие не закажуваат комисии каде мерките треба да се разгледаат а потоа и да се усвојат од страна на Собранието.

Во ек на светска економска и енергетска криза, кога брзи и ефикасни решенија се неопходни надминување на последиците, крајно време е ВМРО-ДПМНЕ да покаже конструктивност и одговорност пред граѓаните.

СДСМ преку парламентарното мнозинство продолжува да работи на законски решенија кои значат директна помош за граѓаните и домашното стопанство.