Дали често ви кркорат цревата? Овој звук за некои е смешен, за некои непристоен и најчесто се појавува кога сме гладни. Медицинската сестра Кери Мадормо објасни што значи кркорењето на дебелото црево и дали тоа е причина за загриженост.

Кркорењето на цревата можеме да го слушнеме во било кое време во текот на денот, а понекогаш тоа е придружено со други симптоми, и еве зошто се појавува.

– Професионалното име на овој звук и појава е борборигмус, и се однесува на движење на гас или храна преку дигестивниот тракт што се слуша. Кога јадеме, цревата ја преместуваат течноста и честичките од храната низ процесот на перисталтика, односно контракција и релаксација. Кога минуваат храната и течноста, овој процес продолжува да го движи воздухот, а потоа слушаме кркорење – рече таа.

Кркорењето обично значи само дека не сте јаделе некое време. Почесто ќе го слушате ако сте гладни, бидејќи во стомакот нема храна што би го „запушила“ звукот на воздухот што се движи низ цревата.

Но, ако често сте надуени, имате запек или дијареа, може да постои друг проблем, предупреди таа.

Честото кркорење придружено со гасови, дијареа или запек може да укаже на синдром на нервно дебело црево. Ако ги имате овие симптоми веќе некое време, подобро е да се консултирате со лекар – рече медицинската сестра.