Фејсбук статус на поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски:

Во саботата по големото невреме и обилни дождови во Скопје падна потпорниот ѕид во Пинтија.

Населба Пинтија е на стрмен терен наклонет према бул Борис Трајковски.

За рушењето на дел од потпорниот ѕид на бул. Б.Трајковски, кај населбата Пинтија, сметам дека причината е немањето на целосна и соодветна атмосферска канализација и попречни решетки кои ќе ја прифатат атмосферската вода од улиците.

Поради тоа целата количина на вода од огромните обилни дождови преку трите улични краци и преку дворовите удира директно на потпорниот ѕид.
Тој не е проектиран да биде брана за надојдените води.

Од сликата може да видите дека на улицата која е во правец на бул Б. Трајковски има река од вода и како последица на тоа срушен е зидот точно кај што трите краци од улицата водат према булеварот.