Збирката со воените говори на украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе биде објавена на 6 декември, а воведот во збирката го напиша самиот Зеленски.

Crown, поделба на Penguin Random House, објави дека книгата ќе се вика Порака од Украина и ќе содржи предговор на Аркадиј Островски, уредник на Економист за Русија и Источна Европа.

– Поддршката за Украина не е тренд, мем или вирален предизвик. Поддршката за Украина не е сила која брзо се рашири низ планетата, а потоа брзо исчезна. Ако сакате да разберете кои сме, од каде сме, што сакаме и каде одиме, треба да дознаете повеќе за тоа кои се Украинците. Оваа книга ќе ви помогне да го направите тоа – вели Зеленски во соопштението објавено од Краун.

Приходите од продажбата на книгата ќе бидат наменети за иницијативата United24 покрената од Зеленски за координирање на донациите за Украина. Зеленски рече дека избрал 16 говори за кои се надева дека ќе им помогнат на читателите да ги разберат Украинците, нивните аспирации, принципи и вредности.