Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко најави дека одбраната на Киев продолжува, а во функција е најважната градска инфраструктура. Продавниците, кафулињата и фризерските салони повторно се отвораат.

– Градските власти одлучија од понеделник, 28 март да почнат да го исклучуваат греењето на станбените згради и институциите – објави Кличко на својот канал на Телеграма, додавајќи дека се раководат од важечките законски прописи.

Тој додава дека ако просечната температура на воздухот за три дена е 8 Целзиусови степени и има тенденција да расте, тогаш грејната сезона може да заврши. Ќе се прекине снабдувањето на куќите со парно. Процесот треба да трае околу седум дена.

Кличко рече дека ќе продолжи да одржува часови преку Интернет во понеделник.

– Важна задача е градот да живее и работи и во ваква тешка воена ситуација. Се обидуваат да не заплашат, нема да успее. Нема да се откажеме. Киев ќе преживее, Украина ќе победи – изјави градоначалникот на Киев.