Кинески „Синохидро“ и австриски „Страбаг“ ќе го довршуваат експресниот пат Градско-Прилеп
Vestiplus.mk
БИЗНИС

Кинески „Синохидро“ и австриски „Страбаг“ ќе го довршуваат експресниот пат Градско-Прилеп

Претстојново лето ќе продолжи изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп, каде што месеци наназад не се одвиваа никакви градежни работи поради тоа што претходните компании-изведувачи ја напуштија трасата и ги оставија делниците недовршени. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес-конференција информираше дека за најновите активности околу продолжување на изградбата на овој експресен пат.

Австриската компанија „Страбаг АГ“ е избрана за изведувач што ќе ја доврши изградбата на 16 километри од идниот експресен пат од Градско до Дреновската клисура, кој започна да се реализира во 2018 година. Во моментов пред потпишување е договорот со надзорниот орган за оваа делница, којшто ќе треба да ја внесе австриската компанија во работа.

На меѓународниот тендер за избор на изведувач што ќе ја гради делницата од Дреновската до Фаришката клисура долга 10 километри победи кинеската компанија „Синохидро“. Кинезите за две до три недели ќе треба да започнат со довршување на оваа делница од експресниот пат, која што досега има процент на изграденост од 35 отсто.

„Двете делници беа со избрани изведувачи коишто ја напуштија трасата и таму имавме сериозен проблем, така што сега се отклонуваат проблемите, оваа сезона очекуваме сериозни градежни зафати“, изјави министерот Бочварски за претходните изведувачи италијанската компанија „Тирена Скави“ што го градеше Градско-Дреново и шпански „Конструксионес Рубау С.А“ која што работеше на Дреново-Фариш.

Тој рече дека овие делници од експресниот пат Градско-Прилеп треба да бидат завршени и пуштени во употреба во текот на 2023 година.

Бочварски додаде дека во моментов се работи на целосна изработка на нова трета лента за целиот планински превој Плетвар на оние сегменти од патот каде што таа ја нема и за рехабилитација на овој патен правец, како и на уште еден експресен пат од Прилеп до Ленишка река, со што ќе се покрие комплетната патна траса од автопатот на Коридор 10 до Прилеп.

Повеќе од интернетот…

  • Centar.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Елементарна непогода во Прилеп – Повеќето улици се под вода, поплавени се куќи, забележан е и пожар во објект за авто делови

Околу 18.00ч подрачјето на Град Прилеп било зафатено од поројни врнежи дожд. Според информациите поголемиот дел улици низ градот се поплавени и тешко проодни, а е пријавено е едно целосно поплавување на куќа. Според информациите на Centar.mk бил пријавен и пожар во објект за автоделови лоциран над магистралниот пат А3, информираат надлежните. Прочитај повеќе...

Во целосен прекин сообраќајот на патниот правец Охрид – Свети Наум кај Љубаништа

Од 19:15 часот регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај Љубаништа, поради одрон на патот, сообраќајот е во целосен прекин, извести ЦУК. Прочитај повеќе...

Невремето направи хаос низ Прилеп – по улиците течат реки, поплавени локали и објекти…

Силното невреме кое попладнево го зафати Прилеп направи многу проблеми. Според првичните информации на улиците течат реки вода од големата количина на дожд која што падна за краток период, поплавени се и објекти. – Обилни врнежи од дожд попладнево го зафатија Прилеп. Водостојот на реките е зголемен и засега на... Прочитај повеќе...

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители […] The post Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за Centar.mk. За овие случаи до ОЈО поднесени се 16 кривични пријави и 24 писмени известувања, при што во рамките на расветлените случаи пријавени се 24 […] The post Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на градежните материјали. Со најава дека цените на становите во Македонија ќе паднат неодамна излезе […] The post Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Гоце Георгиевски: Рекордна исплата на финансиската поддршка за земјоделството и руралниот развој, грижата за земјоделците продолжува

Vesti +

“Алкалоид” пушти во употреба нова инвестиција вредна 1.8 милиони евра

В+

Битиќи: Трендот со зголемување на минималната плата природно ќе влијае и на останатите плати

Vesti +

СДСМ: Економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат, јавниот долг се намалува, растат платите

Vesti +

Групацијата ХЕЛЕНИК ПЕТРОЛЕУМ се ребрендира во HELLENiQ ENERGY

Vesti +

Германски министер за економија: Снабдувањето со гас за следната зима не е целосно обезбедено

В+