Кина денеска објави дека „внимателно ја следи“ ситуацијата во Украина по руската воена интервенција, без да ја осуди Москва.

„Ги повикуваме сите страни да покажат воздржаност за да се спречи ситуацијата да излезе од контрола“, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг.