По драстичниот пад на бројот на новозаразени, можно е укинување на дел од мерките.

-Комисија за заразни болести утре ќе дискутира за олеснување на мерките. Земјаќи ги предвид бројките, кои укажуваат на многу брзо стивнување на епидемијата, јас сум оптимист дека следната недела ќе има ублажување на мерките. Не би сакал да шпекулирам, кои мерки конкретно. Меѓутоа сите мерки, кои се преземени, ќе подлегнат на уште една дополнителна ревизија. Ние како Министерство за здравство и како Влада, едвај чекаме да ги повелчеме мерките, но без да го ризикуваме здравјето на нашите граѓани, изјави Заменик-минисерот за здравство Илир Хасани.

Инаку според информациите на први јуни се очекува целосно укинување на полицискиот час, но и можност маските на отворени простори да не бидат задолжителни.

Се очекува и дополнително продолжување на работното време на угостителските објекти.

Сепак доколку утре се состане комисијата и даде предлози за олабавување на мерките, конечниот збор ќе го има владата која може да ја потврди одлуката викендов, во понеделник или на редовната седница во вторник. Актуелните мерки важат до први јуни.