– Христијан Мицкоски треба да одговори во кое својство и во чие име најавува дека преговарал за нови автобуси за Град Скопје?
Како преговарал Мицкоски за оваа набавка со пари на скопјани? Како Јанушев и Груевски за кинеските автобуси?

Или како Гордана Јанкуловски и Груевски за „она на М“?

За сите овие криминални и корупцуски набавки има предмети пред судовите.

Мицкоски може 100 дена да прави скапи отчети, може да глуми заменик градоначалник, но факт е дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемото разочарување за граѓаните, за општините и не работат ништо, прашаа од СДСМ.

Претходно Христијан Мицкоски, кој нема никаква државна функција, односно е лидер на опозициска партија објави дека разговарал за тендер набавки на автобуси со странски компани или компанија.

– Во завршна фаза сме и во подготовка на тендерската процедура за набавка на овие автобуси, но исто така со сите овие потенцијални снабдувачи разговараме и за отворање на фабрика тука во Скопје во Македонија за производство на овие електрични автобуси во кое што ќе се вработат минимум 500тини луѓе на силно и добро платени работни места, кои што тука ќе обезбедат егзистенција а Македонија ќе ја ставиме на мапата на производители на електрични автобуси во Европа, рече Мицкоски.