Само сите заедно можеме да направиме пресврт и во вториот изборен круг да обезбедиме победа, а со тоа поддршка на владините политики кои се во интерес на граѓаните. Демокрстскиот сојуз како дел од стабилното владино мнозинство, цврсто стои на ставот дека ќе продолжиме заедно со цел Македонија да се движи напред“, информираат од партијата на Павле Трајанов.

Демократскиот сојуз ги повика своите членови и симпатизери, како и сите граѓани, на 31 октомври 2021 година, да излезат масовно и да гласаат за кандидатите за градоначалници на коалицијата предводена од СДСМ.

Од Демократскиот сојуз на Власите велат дека остануваат во коалицијата зашто препознаваат вредности со кои Македонија продолжува напред кон демократскиот и европскиот пат.

-По последните шпекулации околу стабилноста на Владината коалиција кои се само обиди за замајување на јавноста, Ве известуваме дека нашата коалиција е стабилна, Владиното мнозинство е стабилно и работи исклучиво во интерес на граѓаните. За само неколку години оваа коалиција ја врати државата на прав пат, решавајќи ги децениските прашања. Впрочем народот не заборава како е да се живее во затворена земја и режим, а како во демократија со европска иднина. Оваа Владина коалиција и покрај сите предизвици како однадвор така и од внатре, останува цврста, обедината и сплотена во намерите да работи за напредокот на земјата и тоа и понатаму останува наша највисока цел, велат од ДСВ.

Овој чекор го следеше и Партијата на пензионерите, од каде истакнаа дека во име на постигнатите како започнатите и незавршените реформи, зацртаните реформски приоритети, интеграцијата и европеизација на земјата учеството на Партијата на пензионери во владиното мнозинство не се доведува во прашање.

-Партијата на пензионери работи исклучиво во интерес на граѓаните и пензионерите и нашата работа во целост се совпаѓа со насоката на остварување на највисоката цел на коалицијата – напредокот на земјата на сите полиња, подобрувањето на животниот стандард, просперитетот на помладите генерации и европската интеграција. Ги повикуваме сите наши членови и симпатизери, да ја подржат коалицијата предводена од СДСМ и да гласаат за кандидатите за градоначалници на коалицијата ,,Најдоброто за мојата општина,, со што ке дадат свој придонес во просперитетот на земјата, соопштија од Партијата на пензионери.

-Шпекулациите околу стабилноста на владиното мнозинство ги толкуваме како манипулација на јавното мислење од страна на неколку портали пред вториот круг локални избори, велат од Демократската партија на Турците која е дел од владејачкото мнозинство.