Знаците кои ќе имаат прилив на средства во новата година се два: Бик и Девица .

Астролозите велат дека среќата ќе биде на нивна страна во нивниот бизнис и ќе забележат раст на нивната банкарска сметка. Новите можности и нови партнерства многу ќе им помогнат на овие два знаци да заработат повеќе пари во 2023 година.

Девица
На самиот зачеток на новата година очекувајте враќање на старите партнери или работодавци кои сакаат да ви дадат понуда повторно да соработувате во 2023. Ова е нова можност вашите приходи да се зголемат и може да ви се даде можност да реализирате професионален проект што сте сакале да го направите во минатото, а поради некои причини не се случил. Можностите во финансискиот сектор ќе бидат важни во текот на целата година.

Бик
Бикота како знак сака целосно да ги контролира своите финансии и многу ретко го надминува буџетот кој си го зацртал. Новата година ветува профит и оптимизам за Биковите во финансиите Овој знак не остава ништо на случајноста, особено на парите. Останува само да покаже малку внимание до 12 јануари, кога Марс е ретрограден во Близнаците и ќе донесе неколку доцнења во неговите финансии, сепак се ќе биде подобро од мај 2023 година затоа што Јупитер од неговиот знак ќе го зголеми факторот среќа за нови професионални почетоци.