Ситуацијата во Украина ескалира, а можната битка за најважното пристаниште Одеса ќе биде крах на украинската независност. Заради својата беспомошност украинските власти во пристаништето Одеса во „жив штит“ од руските „безгрешни“ ракети „Калибр“ држат над 20 турски карго бродови. Украинските власти не ги пуштаат бродовите да испловат со образложение дека има подводни мини иако Русија гарантира безбеден коридор за нивно испловување. Ова е точка на која ќе „пукне“ позицијата на Ердоган затоа што сега ќе мора да избере страна НАТО или Русија…

Украина не може да ја добие војната против руските боеви проектили „Калибр“ кои ги испалуваат руските нуклеарни подморници од црноморската флота која исплови пред точно една недела. Тоа досега се покажа како факт од многу воени извештаи. За тие ракети нема решение ниту одбранбениот систем на НАТО, а тоа е факт од бројни независни извештаи за 85 дневната војна во Украина.

Од вчера започна драмата за Одеса најголемото пристаниште на Црното Море и „морската уста“ за извоз на жито и други стоки преку Црното Море до Африка и целиот свет преку трговските рути на Средоземното море. Нападот на Одеса за Украина ќе значи мат – позиција и де факто губење на суверенитетот на самостојна и независна држава. Затоа што целосно ќе ја наруши нејзината економија која ќе колабира целосно доколку по губењето на доковите во Мариуопол го изгуби и најголемото пристаниште Одеса.

Украина, плашејќи се од претстоен руски напад на најголемото пристаниште Одеса, во „жив штит“ држи турски товарни и транспортни бродови (вкупно 21). Одеса е стратешки најважната точка затоа што е најголемото пристаниште на Црното Море и „устата“ од која со жито се снабдува барем половина од континентална Европа и северна и централна Африка. Воените аналитичари се согласни се оваа битка ќе ја одлучи војната затоа што пристаништето во Одеса е последниот „џокер“ на сувереноста на на Украина. Без оваа „морска уста“ таа земја ја губи својата „употребна вредност“.

Воените аналитичари, про-НАТО, независни и про-руски се едногласни само по една работа. Дека Украина не може да ја одбрани Одеса од ракетите на руските нуклеарни подморници. Единствено тие проектили досега направија штета на украинската војска на повеќе локации на фронтовите во Донбас и при завземањето на Мариупол, а не беа користени кога руската војска се избрука во битката за Киев.

Сега на „силен оган“ се односите на Реџеп Таип Ердоган со неговите НАТО сојузници од една страна и неговиот, во многу случаи досега партнер, пријател, сојузник и закрилник Владимир Путин. Што ќе превземе Ердоган за оваа пат-позиција? Дали ќе инсистира турските бродови без оглед на се што може да се случи да тргнат дома од Одеса кон Истанбул? Или ќе потклекне на притисокот да ги задржи како жив штит и со тоа да ја држи во живот владата во Киев на неопределено време, барем засега? Дали НАТО ќе го третира како напад на своја територија евенуталниот напад на турски трговски бродови???

Извор Фактор.мк