Работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти од просечната месечна нето-плата по работник во Македонија исплатена во последните три месеци.

По најмалку 12.740 денари треба да легнат на сметката на секој вработен во приватниот сектор за регрес за годишен одмор.

Крајниот рок за овогодишниот регрес е 31 декември 2022 година.

За работодавците кои нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.